По повод 1 април, Денот на шегата, на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ се одржа традиционалната „Априлијада“.

Во програмата настапија децата од големите групи во Детската градинка „Павлина Велјанова“, а со скеч се претставија учениците-членови на младинската организација „Авангарда“ од СОУ „Гошо Викентиев“. Многубројната публиката можеше да ги види и маските на учениците од одделенска настава од сите основни кочански училишта.

На присутните им се обрати градоначалникот Ратко Димитровски кој денеска на сите им посака многу радост, шеги и среќни лица.

„Априлијадата“ ја организира Општина Кочани со средства од Програмата за поддршка на образованието за 2016 година.