По повод Денот на шегата – 1 Април, Одделението за јавни дејности во Општина Кочани ја организира традиционалната „Априлијада“.

Во соработка со основните училишта и Детската градинка „Павлина Велјанова“, на Летната сцена во Центарот за култура „Бели мугри“ ќе настапат групни и поединечни маски. Присутните ќе ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.

Програмата ќе започне во 11 часот, а први ќе настапат децата од градинката. Во 11.30 ч. својата креативност низ маски ќе ја прикажат учениците од ОУ „Раде Кратовче“, а по нив е настапот на „Малина Попиванова“. Годинашнава „Априлијада“ ќе заврши со ОУ „Св. Кирил и Методиј“.

Традиционално, учениците на „Априлијадата“ дефилираат на релацијата од своето училиште до Центарот за култура, поздравувани од граѓаните на Кочани.