По повод Денот на шегата, на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ се одржа традиционалната „Априлијада“.

Маскирани во познати филмски јунаци, пролетни цвеќиња и инсекти во групни и индивидуални маски, во неколкучасовната програма настапија децата од големата група од Детската градинка „Павлина Велјанова“ и учениците од прво до петто одделение од основните училишта во Кочани.

На присутните им се обрати градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски, посакувајќи многу насмевки, шеги и радост на децата.

Традиционално, учесниците на „Априлијадата“ дефилираа на релацијата од своето чилиште до Центарот за култура, поздравувани од граѓаните на Кочани.

Организатор на „Априлијадата“ и годинава беше Одделението за јавни дејности од Општина Кочани