
Во 2014 година се реализираа неколку инвестиции, кои ја сменија економската слика на Кочани.
Холандската фирма „Антура“ во сопствениот капацитет на Подлошки Пат, во објектот на површина од околу 1 хектар, започнува со производство на орхидеи за западноевропските пазари. Таму во моментот се ангажирани 50, а инвеститорот најавува вработување на 150 лица од Кочани.