
Општина Кочани започнува акција за отстранување на хаварисаните возила од јавно-прометните површини.
До сопствениците на хаварисани возила Општината упати повик за нивно отстранување во најкраток можен рок.
Паралелно со повикот, комуналниот инспектор врши увид на теренот и праќа решенија до сопствениците во рок од 15 дена да ги отстранат возилата.
Потоа ќе следува акција со која овие возила ќе бидат отстранети од јавно-прометните површини и транспортирани во Стопанскиот двор на „Водовод“.
Ако во рок од 30 дена сопственикот не го подигне возилото, тоа ќе биде отуѓено на начин пропишан со закон, а трошоците ќе бидат на товар на неговиот сопственик.
Оваа акција има за цел да ги подобри условите за проток на сообраќајот на тротоарите и на коловозите и да го подигне степенот на јавната чистота.
