Комуналните служби на Општина Кочани деновиве ги озеленуваат јавните површини.

Се садат култивирани садници од јасен, црвена слива, платан, индиски јоргован, аризонски чемпрес и макрокарпа.

Нови садници има на улицата „Тодосија Паунов“, кај ОУ „Малина Попиванова“ и на разделното зеленило; на „Димитар Влахов“ и „Бел камен“, како и на западната страна на ридот Локубија.

Зимзелените садници се засадени на места каде што неодамна се чистеа малите депонии.

Озеленувањето на јавните површини ќе продолжи и наредниов период.