На 04.10 2023 година во просториите на Општина Кочани како и на зоом платформата,се реализираше Работилница за ко-креирање | Панел дискусија „Секторот туризам – одржливост, зелени работни места и младите“
На истата присуствуваа вработени во општини,невладини организации заинтересирани млади,стручни лица и други заинтересирани за темата кои се пријавија на повикот за учество на работилницата објавен од Еко Логик-Скопје. Средбата на која присуствуваа 30 учесници ја отвори градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов .
Активноста е е во рамки на проектот PREPARE (ПРИПЕР) –Промовирање заштита на природата и учење за климатските финансиран од Европската Унија преку ЕРАЗМУС+ програмата координатор на проектот е општина Ушак од Турција.
Други партнери во проектот се:
- Општина Селчи – Италија
- Општина Метаморфозис – Грција
- Општина Кочани – Македонија •
- Еко Логик – Македонија
- Sustainable development Association (SDA) – Турција
- System Dynamics Italian Chapter – Италија
- LATRA Innovation Lab – Грција • Symplexis – Грција