Во ООУ „Свети Кирил и Методиј“ во Кочани, Академијата за роботика и иновации додели донации на три кочански училишта.
Основните училишта „Свети Кирил и Методиј“ и „Никола Карев“ и СОУ „Гошо Викентиев“ добија модели од најновата генерација лего-роботи, како обезбедено спонзорство од корпорацијата Бехтел.
На училишната церемонија беше истакната континуираната потреба од млади инженери, чија професионална ориентација е неопходно да биде потпомогната уште во образовните почетоци, со конкретни материјали за работа, какви што се и донираните.
Соработката на Општина Кочани со Академијата за роботика и иновации се заснова на потпишаниот Меморандум за соработка, којшто ја одразува заедничката визија за иднината на младите, за креативно и иновативно општество во коешто тие се двигатели на позитивни промени и економски раст.