Фудбалската федерација на Македонија ќе биде инвеститор на проект за реконструкција на просторот под трибините на Градскиот стадион „Никола Мантов“, додека Општина Кочани ќе обезбеди комплетна проектна документација. Планирано е со специјализирана машина да се изврши и обновување на подлогата на фудбалскиот терен.
На средбата, градоначалникот Грозданов и претседателот Андов, на претседателот на ФФМ Омерагиќ му врачија подарок – дуксер од ГФК „Осогово“, новиот бренд кој го претставува спортскиот дух и традицијата на нашиот град.
Според градоначалникот и претседателот на Советот, ова претставува уште еден чекор напред кон модернизација на спортските капацитети, а Општина Кочани и понатаму ќе продолжи посветено да работи за подобри услови, нови инвестиции и за развој на спортот како важен дел од заедницата.























