Проектот финансиран од ЕУ „Поддршка за имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот Регион“ со задоволство објавува дека ќе одржи едукативен и информативен настан на 11 декември (четврток), од 11:00 до 12:15 часот во салата за состаноци на Мултикултурниот центар во Кочани.
Настанот насловен „Затворање на кругот: Иницијатива за домашно компостирање и рециклирање“, има цел да ја подигне јавната свест за одржливи практики за управување со отпад. Програмата ќе биде фокусирана на:
• Значењето на домашното компостирање за намалување на биоразградливиот отпад
• Правилно селектирање на отпадот на местото каде што се создава и техниките за рециклирање
• Практична демонстрација на функционалноста на садовите за домашно компостирање
• Насоки за домаќинствата за примена на компостирање и рециклирање во домашни услови.
Граѓаните чии домаќинства располагаат со соодветен простор во дворот ќе имаат можност да добијат бесплатни садови за домашно компостирање.
Проектниот тим ги поканува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот.
Вашето вклучување е од суштинско значење за да се обезбеди поширок опфат и успешна имплементација на оваа регионална иницијатива.























