за избор на Здружение на граѓани за дообразување на возрасни без основно образование

Општина Кочани објавува повик до заинтересирани здруженија на граѓани за дообразување на возрасни лица  без завршено основно образование.

Здружението треба да биде регистрирано во Централен регистар за здруженија на граѓани и да има работен ангажман  на вакви  и слични проблематики  во последните  5 (пет) години.

Здружението на граѓани  ќе има обврска да ангажирана лиценцирана школа за дообразување на возрасни и да го спроведе  дообразувањето за 30-ина возрасни лица Роми и други ранливи групи од Општина Кочани кои немаат  завршено основно образование.

Предност ќе има здружението кое ќе преземе најмалку 30 % од трошоците за дообразување.

Општина Кочани за оваа намена има предвидено 200.000 денари во Програмата за социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани за 2025 година.

Заинтересираните здруженија на граѓани треба да поднесат пријава  кон  која ќе приложат CV и ќе нагласат дека можат да учествуваат со 30 % во финансирањето на Проектот на Општина Кочани за дообразување на возрасни без основно образование.

Пријавите можат да се поднесат до Едношалтерската канцеларија  на Општина Кочани или на е-адреса: info@kocani.gov.mk.

Повикот трае до 9.12.2025 година (вторник).

Информации на телефон: 072 275 689  Аника Илијевска Ѓорѓиева.