Поради интервенции на водоводната мрежа, денеска е воведен привремен прекин на сообраќајот на улицата „Димитар Влахов“ во Стришани. Затворен е потегот од кракот на улицата „Маршал Тито“ кај Катастарот, сè до кружниот тек во Стришани.

 Екипи на КЈП „Водовод“ работат на отстранување на дефектот и обезбедување непречен проток на сообраќајот.

Надлежните служби апелираат за зголемено внимание и почитување на сообраќајната сигнализација од страна на сите учесници во сообраќајот.