КЈП „Водовод“ денеска брзо интервенираше со чистење на уште една проблематична локација во Кочани, веднаш зад Агенцијата за вработување.
Просторот, кој беше загаден и целосно обраснат со вегетација, се наоѓа во близина на Заштитната работилница на „Руен“.
Акцијата беше реализирана по сугестија на советничката Благица Сабовљевиќ Стоименова, со што се подобрени условите и уредениот изглед на овој дел од градот.























