На 14 ноември 2025 година, со почеток во 17 часот, во салата на Советот на Општина Кочани во Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи втората редовна седница.
Предлог-дневниот ред ги содржи следниве точки:
- Неотповиклива оставка од функцијата член на Советот на Општина Кочани
- Давање согласност на договор за донација од ЕВН Македонија АД Скопје
- Давање согласност за примање донација од Стопанска банка АД – Скопје
- Извештаи за работењето на општинските средни училишта за учебната 2024/25 година
- Годишни програми за работа на општинските средни училишта за учебната 2025/26 година
- Предлог-програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2026 година
- Предлог- програма за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2026 година
- Предлог-програма за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2026 година
- Предлог-програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2026 година
- Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2026 година
- Предлог-програма за изградба на јавно осветлување во општина Кочани за 2026 година
- Предлог-програма за одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Кочани во зимски услови за 2025/26 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за активности од областа на локален економски развој за 2025 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на фекална и атмосферска канализација во општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба на општински патишта и улици во општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за спорт на Општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик за 2026 година
- Предлог-програма за изградба на Дом за престој на стари лица – Кочани за 2025, 2026 и 2027 година
- План за изменување и дополнување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2025 – 2027година
- Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за третиот квартал од 2025 година
- Предлог-план на програми за развој на општина Кочани за период 2026 – 2028 година
- Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2025 година (ребаланс).























