Советот донесе Одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Воведување на мерки за ЕЕ на јавни објекти и користење на ОИЕ (Подобрување на условите во образовниот процес во ИПР)“; даде согласност за примање донација од КЈП „Водовод“ за Основниот проект за атмосферска канализациска мрежа за дел од градот Кочани (северно од фабриките „Руен“ и „АТОМ“), како и за примање донација од Друштвото за трговија и услуги „Електрика“ и Одлука за изменување и дополнување на одлуката за давање на трајно управување и користење без надомест на движни ствари на КЈП „Водовод“ – Кочани.
Советот ги усвои измените и дополнувањето на одлуката за давање на трајно управување и користење без надоместок на КЈП „Водовод“ – Кочани, на две фотоволтаични централи со моќност од 440 kw и 120 kw и опрема за намалување на загубите за вода, а ја дополни и Одлуката за давање на трајно користење, одржување и управување без надоместок на oбјектот „Детелинки“ со седиште во Кочани на Јавната општинска установа за деца – детска градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани.
Со одлука Советот ги утврди просечните цени на градежно и земјоделско земјиште за подрачјето на општина Кочани за 2025 година, а усвои и Заклучок во врска со Извештајот за работењето на Надзорно тело за вршење мониторинг и давање поддршка при реализација на Програмата за јавна чистота и третманот на отпад на територија на општина Кочани, изнесен усно на седницата.