Советот на Општина Кочани, на 8. редовна седница што се одржа на 23 јануари 2026 година, го донесе Енергетскиот план на Општина Кочани за 2026 година.
Основната цел на Енергетскиот план за 2026 година на Општина Кочани е да воспостави систематски, одржлив и ефикасен пристап кон управувањето со енергијата на локално ниво, во согласност со законските обврски, националните политики и реалните потреби на општината.
Анализата во Енергетскиот план укажува дека Општина Кочани има реален и остварлив потенцијал за зголемување на уделот на обновливите извори на енергија, особено преку сончевата енергија и одржливо користење на биомаса. Истовремено, постојат ограничувања поврзани со финансиски, технички и институционални капацитети, кои бараат фазен и внимателно планиран пристап.
Анализата претставува основа за дефинирање приоритетни мерки и проекти во Енергетскиот план за 2026 година, насочени кон одржлива енергетска транзиција на локално ниво.























