Во рамките на реконструкцијата на левата лента од десниот крак на улицата „Тодосија Паунов“ денеска се поставува новиот асфалтен слој.

Потегот опфатен со реконструкцијата е  со ширина од 3,5 метри и должина од 200 метри, спроти Полициската станица во Кочани.

Со градежните активности на улицата „Тодосија Паунов“ се заменети пет канализациски шахти и два сливника.

Работите ги изведува фирмата „Стоименов“ од Кочани, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.