– Со оваа измена намалуваме средства на две потставки до 20 %, колку што е и законската рамка, а зголемуваме една ставка во висина од 665.000 денари поради достасани судски решенија за исплата – образложи Дејан Рашков, раководител на Секторот за финансии во Општина Кочани.
Според директорката на Детската градинка „Павлина Велјанова“ – Кочани, Лидија Серафимова, оваа институција се соочува со проблеми произлезени од тужбени барања на петмина воспитувачки против решенија за распоред на работно место и за исплата на долг за разлика во плата од работно место негувател на работно место воспитувач за период од три години.
Досега Детската градинка во Кочани исплати 583.143 денари по основ на судски решенија со извршување, а треба да исплати уште 426.866 денари основен долг и околу 100.000 денари камата која секојдневно расте.
Членовите на Советот бурно реагираа за ултимативното, и како што рекоа неетичко однесување на дел од вработните во градинката, кои го доведуваат во прашање нормалното функционирање на оваа воспитна институција во Кочани.