Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов присуствуваше на промотивниот настан за Ресурсниот центар за поддршка на општините, во организација на Министерството за локална самоуправа.

Ресурсниот центар е проектиран како место што ги адресира потребите на општините, начините за нивно решавање, место коешто ќе понуди експертиза за новите предизвици.

Во Ресурсниот центар ќе се подготвува детална анализа на потребите на општините за прецизно планирање на поддршката преку јавен повик за ангажирање експерти од сите релевантни области и ќе се развива дигитална алатка за побрза комуникација, поддршка и пристап до документи. Прирачникот „Патоказ за ефикасно локално управување“ е наменет за новоизбраните градоначалници, а подготвен е и прирачник со препораки од ревизиите на Државниот завод за ревизија заради унапредување на работењето на општините.