Во организација на Сојузот на училишен спорт – Кочани, а под покровителство на градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски, на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани се одржa Пролетниот крос 2015.
На традиционалната манифестација учествуваа околу 800 ученици од основните и средните училишта во Кочани.
Во трката на првоодделенците и второодделенците, на 60 м, победија Филип Стефанов и Мелани Ристова од ОУ „Св. Кирил и Методиј“; од третите и четвртите одделенија најбрзи беа учениците Александар Ѕ’мбов и Бонита Никовска од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, а од петтоодделенците и шестоодделенците први на целта стигнаа Јован Дојчинов од ОУ „Раде Кратовче“ и Александра Карова од „Малина Попиванова“.
Јове Атанасов од ОУ „Никола Карев“ и Теодора Младенова од ОУ „Крсте Мисирков“ од Оризари победија во трките за седмо и осмо одделение, а деветтоодделенците кои трчаа на 400 м, најуспешни беа Давид Алексов од „Св. Кирил и Методиј“ и Ангела Крстова од „Малина Попиванова“.
Од средношколците први на целта стигнаа: Дарко Алексов (I год., СОУ „Гошо Викентиев“), Јана Лазарова (I год. СОУ „Љупчо Сантов“), Ѓорѓи Василков и Радмила Донева (II год. СОУ „Гошо Викентиев“), Димитар Спасков (III год. СОУ „Гошо Викентиев“), Емилија Стојановска (III год. СОУ „Љупчо Сантов“), Виктор Стојановски и Јасмина Нацкова ( IV год. СОУ „Гошо Викентиев“).
Пролетниот крос 2015 заврши со ревијалната трка на наставниците по физичко и здравствено образование од основните и средните училишта од Кочани.