Годинава, Општина Кочани ќе ја организира 33. по ред манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ која ќе трае од 27 до 29 септември.
Подготвена е богата тридневна програма, со официјално отворање на 27 септември со концерт на македонската поп пејачка Каролина Гочева.
Во сабота, на 28 септември предвидена е целодневна програма во Градскиот парк, почнувајќи од 10:30 часот со изложба и Празнично дефиле, па сѐ до вечерните часови исполнети со многу музика.
Традиционалното зажнејување и вршидба на ориз, заедно со културно-уметничка програма, годинава ќе се одржи во Оризари.
Во продолжение е целосната програма за манифестацијата.