На 14ти и 15ти мај, претставници на Општина Кочани и Урбакт локалната група присуствуваа на состанокот на десет партнери од меѓународниот проект Beyond the Urban (URBACT ) во Тарту, Естонија. Овој проект поврзува десет европски општини и региони кои сакаат заедно да се фокусираат на подобрување на руралната и урбаната мобилност во својата околина.
Работната тема на состанокот одржан во општина Тарту беше „Патувања“
На состанокот беа дискутирани повеке теми како, како да се подобри јавниот транспорт, како да се соработува со околните општини, како да се поддржи споделувањето на автомобили , како да се поддржи велосипедскиот транспорт и воведувањето нови мерки за велосипедизам и нови мултимодални видови на транспорт.