Под мотото „Детето денес – иднината утре“ првачињата од Кочани станаа членови на Детската организација.  Гласно, заеднички ветија дека ќе ги почитуваат наставниците и возрасните, ќе бидат вредни и трудољубиви во извршувањето на задачите и ќе бидат добри другарчиња.

Приемот во Детската организација им го честиташе в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, кој истакна дека токму тие, најмладите се нашето најголемо богатство и нашата иднина.

По повод приемот на првачињата во Детската организација, во Центарот за култура „Бели мугри“ беше приредена програма во која настапија ученици од сите основни училишта од Кочани.