Со училишните натпревари во мал фудбал, во Кочани започна одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април.
На натпреварите што се одржаа во Спортската сала „Никола Карев“, првото место го освои екипата на ОУ „Раде Кратовче“. Второто место му припадна на тимот на „Малина Попиванова“, а трети беа учениците од „Никола Карев“.
– Спортските натпревари во мал фудбал се традиционална содржина од програмата за одбележување на празникот на Ромите. Во училиштата во Кочани учат деца и од македонска и од ромска националност, па преку овие натпревари го јакнеме и соживотот и спортскиот дух кај младите – рече Драган Ѓорѓиев од Здружението на Роми „Авена“, соорганизатор на празничните содржини.
Општина Кочани обезбеди пригодни награди за победниците на натпреварите во мал фудбал