Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари го одбележа патрониот празник – 149 години од раѓањето на првиот кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, собирач и проучувач на македонското народно творештво, македонскиот филолог и етнограф, Крсте Петков Мисирков.
По тој повод, свежо цвеќе на бистата на патронот во училишниот двор положија ученици, родители и вработени во училиштето, делегации од Советот на Општина Кочани и Општина Кочани.
По повод празникот, беа презентирани најуспешните творби од училишниот литературен конкурс.
Годинава се навршуваат 30 години откако училиштето во Оризари го носи името на Мисирков.