Во месноста Свиланово, во близината на Рајчани, беше одбележана 112-годишнината од смртта на македонскиот револуционер и учител, претседателот на Крушевската република, Никола Карев.
Граѓани од Кочани, Чешиново-Облешево, Пробиштип и Крушево, од семејството Каревци му оддадоа почит на големиот идеолог на Македонската револуционерна организација кој загинал на 27 април 1905 година, откако претходно преноќил во селото Рајчани, враќајќи се од Бугарија.
Свежно цвеќе на споменикот на Карев положија и претставници на Историскиот музеј од Крушево, градоначалниците на Крушево, Кочани и Чешиново-Облешево, Пробиштип и Македонска Каменица и неколку здруженија на граѓани.
Во одбележувањето на 112-годишнината од смртта на Карев учествуваа членовите на секцијата „Географски видик“ од ОУ „Никола Карев“, кои пеш ќе ја минаа релацијата од Пантелеј до Свиланово.