Поаѓањето е од манастирот „Свети Илија“ во селото Бочвенец во 9:30 ч. Од стартот ќе се вози кон селото Крушка, по сртот на Качаник и Д’лги Дол. Потоа патеката се спушта во Бела Река, па се искачува кон селото Мишино, во чија близина велосипедистите ќе направат пауза и ќе му оддадат почит на познатиот илинденец Стефан Мандалов Манданата, кој загинал на ова подрачје во 1903 година, а е познат по учеството во киднапирањето на Мис Стон. По паузата учесниците на турата ќе продолжат кон Ново Село, освежителна станица ќе им биде манастирот „Свети Симеон Столпник“, па покрај Бела Река ќе завршат на стартната позиција.
Настанотима цел да ги промовира достапните патеки за ридско-планинскиот велосипедизам на Осоговските Планини, а се реализира со финансиска поддршка од Општина Кочани.