Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Агенцијата за капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС и Општина Кочани, во вторник, на 21 април, организираат јавен настан „Ден за вас“, посветен на граѓаните и нивните права од пензиското и инвалидското осигурување.
Целта е граѓаните да го проверат стажот на осигурување, платите и другите податоци – „он лајн“. Всушност претставниците од наведените институции ќе одговараат на прашањата на граѓаните од областа на пензиското и инвалидското осигурување.
Настанот ќе се одржи во Градскиот парк во Кочани од 11-14 ч.