В петок, 17 февруари, со почеток во 10 часот, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 25. седница.
На предлог-дневниот ред се 32 точки:
- Разгледување на завршните сметки на општинските основни училишта за 2022 година
- Разгледување на завршните сметки на општинските средни училишта за 2022 година
- Завршна сметка на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2022 година
- Завршна сметка на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2022 година
- Информација за чистењето на одводните канали и речните корита на подрачјето на општина Кочани во 2022 година
- Предлог-план за чистење на каналите и речните корита на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
- Информација за пошумувањето и заштита од ерозија на подрачјето на општина Кочани
- Информација за санитарно-хигиенската и техничката состојба на предучилишните и училишни установи и ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ во 2022 година
- План за работа – активности на КЈП „Водовод“ – Кочани во 2023 година
- Давање согласност на Одлуката за промена – зголемување на цената на м3 геотермална вода
- Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење, без надомест, на изградена водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во 2022 година на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Информација за малолетничката деликвенција на подрачјето на општина Кочани (наркоманија, алкохолизам)
- Извештај за работењето на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2022 година и Програма за работа за 2023 година
- Предлог-одлука за утврдување просечни цени на градежно и земјоделско земјиште за подрачјето на општина Кочани за 2023 година
- Предлог-одлука за донесување на изменување и дополнување на урбанистички план за село Тркање, со разработка на Блок 17, КО Тркање, Општина Кочани, плански период 2021 – 2031 година
- Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр.5946 КО Кочани, КП бр. 5947, КО Кочани, КП бр.11139, КО Кочани и КП бр.11122, КО Кочани
- Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од плански опфат за КП бр. 2819, КО Полаки, КП бр.8813, КО Кочани, КП бр.7985/2, КО Кочани, КП бр.1311/1, КО Бели и КП бр.1311/2, КО Бели, КП бр. 509, КО Прибачево
- Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр. 8206/1, КО Кочани
- Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од плански опфат за КП бр. 462/5, КО Пашаџиково, КП бр. 8250, КО Кочани, КП бр.1316, КО Тркање, КП бр. 3474/1, КО Тркање, КП бр. 551, КО Лешки, КП бр. 3307, КО Бели, КП бр.1571/2, КО Нивичани, КП бр. 3443/1, КО Бели, КП бр. 3443/2, КО Бели, КП бр. 3444, КО Бели и КП бр. 445, КО Полаки
- Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Кочани за 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2022 година
- Годишна (завршна) сметка на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година
- Годишен извештај на општина Кочани за 2022 година
- Буџетски календар за 2023 година
- Предлог-одлука за користење финансиски средства од постојаната резерва во Буџетот на Општина Кочани за 2023 година
- Извештај за реализација на Програмата за работа на Локалниот младински совен на Општина Кочани за 2022 година
- Програма за работа на Локалниот младински совет на Општина Кочани за 2023 година
- Предлог-одлука за давање на користење дел од недвижна ствар на користење на Локален младински совен на Општина Кочани
- Барање за определување надоместок на членовите на управниот одбор на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани.