В среда, 14 мај 2025 година, со почеток во 12 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 64. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки:
- Верификација на мандат на член на Советот на Општина Кочани
- Годишна информација за работата на ОВР Кочани во 2024 година
- Информација за малолетничката деликвенција на подрачјето на општина Кочани (наркоманија, алкохолизам)
- Предлог за воспоставување на меѓуопштинската соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Струмица
- Предлог-одлука за прифаќање на предлогот на в. д. градоначалникот на Општина Кочани за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Струмица и за утврдување предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Струмица
- Предлог за воспоставување на меѓуопштинската соработка (МОС) помеѓу Општина Кочани и Општина Карпош
- Предлог-одлука за прифаќање на предлогот на в. д. градоначалникот на Општина Кочани за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Карпош и за утврдување предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Карпош
- Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за првиот квартал од 2025 година
- Предлог-заклучок за запирање на издавање одобренија за користење на јавно-прометни површини
- Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти на подрачјето на Општина Кочани за 2024 година
- Извештај за реализација на Програмата за јавна чистота во општина Кочани за 2024 година
- Извештај за реализација на Програмата за одржување на сливни решетки за атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2024 година
- Извештај за реализација на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација во општина Кочани во 2024 година
- Извештај за реализација на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на општина Кочани во 2024 година
- Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2024 година
- План за изменување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2025 – 2027 година
- Извештај за работењето на комуналните редари во општинската администрација на Општина Кочани за 2024 година
- Извештај за реализација на Програмата за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Кочани во 2024 година
- Извештај за реализација на Програмата за тековно одржување на јавното осветлување и Програмата за изградба на јавно осветлување во општина Кочани за 2024 година
- Извештај за реализација на Програмата за култура на Општина Кочани за 2024 година
- Извештај за реализација на Програмата за остварување на социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани за 2024 година
- Извештај за реализација на Програмата за спорт на Општина Кочани во 2024 година
- Извештај за реализација на Програмата за поддршка на образованието во Општина Кочани во 2024 година
- Давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани за 2026 година
- Давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани за 2026 година
- Давање согласност на Годишниот план за вработување на ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани за 2026 година
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2024 година
- Извештај за реализација на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2024 година
- Извештај за реализација на Програмата за одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Кочани во зимски услови за 2024/2025 година
- Извештај за реализација на Програмата за работа на Територијалната противпожарна единица на Општина Кочани во 2024 година
- Извештај за реализација на Програмата за информатичка и комуникациска технологија на општина Кочани за 2024 година
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2024 година
- Информација за преземени активности за помош и поддршка на настраданото население во пожарот во Кочани.
- Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани во 2024 година
- Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани за период од 1.1. до 31.12.2024 година во 2024 година
- Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани за период од 1.1. до 31.3.2025 година
- Завршна сметка на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2024 година
- Давање согласност на Одлуката за усвојување на Одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за исплата на плата на вработените во KЈП „Водовод“ – Кочани за 2025 година
- Давање согласност на Годишен план за вработување на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2025 година
- Давање согласност на Спогодба бр. 09-12/181-2/2025 за регулирање на заемни права и обврски
- Давање согласност на Спогодба бр. 13/38/181-1/2025 за регулирање на заемни права и обврски
- Извештаи за работењето на овластените инспектори на Општина Кочани во 2024 година (овластен градежен инспектор, овластен инспектор за патен сообраќај, овластен инспектор за животна средина и овластен комунален инспектор).
- Извештај за работењето на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Кочани за период од 28.11 2023 – 08.3.2025 година
- Извештај за реализација на Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2024 година
- Извештај за реализација на Програмата за комуникација на општина Кочани за 2024 година
- Предлог- Решение за именување член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Седницата ќе се одржи во салата во Мултикултурниот центар, на вториот кат.
