Населени места во општината Кочани се: Безиково, Бели, Вранинци, Главовица, Горни Подлог, Горно Гратче, Грдовци, Долни Подлог, Долно Гратче, Јастребник, Костин Дол, Кочани (географски центар на општината), Лешки, Мојанци, Небојани, Нивичани, Ново Село, Оризари, Пантелеј, Пашаџиково, Полаки, Пресека, Прибачево, Припор, Рајчани, Речани, Тркање и Црвена Нива. Околу 80 проценти од населените места се во ридско-планинскиот дел, а околу 20 проценти се рамничарски.
Вкупно население: 38 092
Жени: 18 900
Мажи: 19 192
Домаќинства: 11 981
Станови: 14 464
Просечен број на членови во домаќинството: 3,18
Податоците се од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2002
Извор: Државен завод за статистика
На картата се прикажани населените места во општината, географскиот центар и центрите на население според пописите од 1948 до 2002 година.