На натпреварот од минатата година учествуваа ученици и ментори од Школата за цртање при Центарот за култура „Бели мугри“ – Кочани, ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и ОУ „Раде Кратовче“.
Добитник на првата награда е Илина Ангелов од Школата за цртање и сликање при ЦК „Бели мугри“ – Кочани, ментор – Александра Димитрова.
Добитници на втората награда се: Никола Борисов од Школата за цртање и сликање, ментор – Александра Димитрова; Михаил Русевски од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, ментор – Цветанка Богданова и Андреа Коцева од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, ментор – Сузана Георгиева.
Добитници на третата награда се: Никола Глигоров од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, ментор – Сузана Георгиева; Филип Зафо Зафиров и Јован Христов од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, ментор – Деница Златкова; Вероника Димитровска и Анастасија Сандева од Школата за цртање и сликање, ментор – Александра Димитрова.























