На 09 октомври 2025 во Хотел,,Амор“- Кочани се оддржа Отворен ден -„ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО КОЧАНИ“во рамки на проектот PREPARE Промовирање заштита на природата и учење за климатските промени (Promoting Environmental Protection and Learning on Climate Change) Број на грант: 2022-1-TR01-KA220-YOU-000087199 ко-финансиран од Европската Унија преку Еразмус+ .

На овој отворен ден беа презентирани туристички понуди и бизнис планови на млади од двете средни училишта во Општина Кочани со акцент на промоција на оризот,рурални туристички понуди и локални манифестации како можност за оддржлив туризам и вработување на млади.

На настанот присуствувва ученици,наставници,вработени во Општина Кочани и невладини организации.

На настанот поздравно обраќање имаше  координатор на проектот од Општина Кочани-Лилјана Арсова и презентација на проектот PREPARE од Еко Лоџик -Стојне Тодорова,потоа следуваа презентациите и дискусии по истите за одржлив локален туризам од учениците од СОУ,,Љупчо Сантов“-Кочани и учениците СОУ,,Гошо Викентиев“-Кочани.