На состанокот учествуваа претставници од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Советот на Општина Кочани, Центарот за развој на ИПР, граѓанскиот, приватниот сектор и од Локалната самоуправа, кои дискутираа за предизвиците и можностите за унапредување на агроиновациите и одржливиот развој. Преку размена на искуства и добри практики, учесниците дадоа придонес кон дефинирање на приоритети и активности што ќе се реализираат во рамките на проектот. Во фокусот на дискусијата беа теми како дигиталната подготвеност на земјоделците и интеграцијата на паметни решенија во земјоделските практики.
Овој настан претставува значаен чекор кон зајакнување на локалните капацитети и креирање на ефективни политики за поддршка на земјоделството во регионот.
Општина Кочани продолжува активно да работи на развој на иновативно и конкурентно земјоделство преку европска соработка.