Фокусот на разговорите беше иницијативата дел од кругот на противпожарната единица во Кочани да се адаптира и опреми како тренинг-центар за обука на пожарникари. Градоначалникот Грозданов ја истакна подготвеноста на Општина Кочани да ги преземе неопходните активности за уредување на теренот, како и да обезбеди услови за одржување на теоретската настава во рамки на обуките.
Во наредниот период е предвидено потпишување меморандум за соработка, а планот е обуките да започнат напролет. Со реализацијата на оваа иницијатива, Кочани ќе стане регионален центар за едукација и усовршување на пожарникари од целата држава.
Очекувано, ваквиот проект ќе донесе повеќекратни придобивки – унапредување на капацитетите и подготвеноста на пожарникарските служби, размена на искуства и знаења, како и подигнување на пожарникарството на повисоко професионално ниво.























