Венко Крстевски 

Официјален e-mail за контакт со градоначалникот:  venko.krstevski@kocani.gov.mk

Телефон: 078 412 415

 

КОИ СЕ НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ?

    • Ја претставува и ја застапува општината;
    • Ја контролира законитоста на прописите на советот;
    • Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;
    • Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот;
    • Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон се делегирани на општината;
    • Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на совет;
    • Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
    • Го извршува буџетот на општината;
    • Избира директори на јавните  служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
    • Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
    • Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
    • Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
    • Раководи со општинската администрација;
    • Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
    • Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот;
    • Врши други работи утврдени со закон и со статутот.

Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.

Линк до анкетниот лист објавен од Агенцијата за спречување на корупција и судир на интереси.