На терен се и градоначалникот Владко Грозданов и директорот на КЈП „Водовод“ Дејан Анакиев, кои извршија увид во текот на работите.
Градоначалникот Грозданов информира дека оваа локација не била расчистувана со години, при што, како што рече, неоправдано се дозволувало натрупување на огромни количини отпад.
– Станува збор за простор што со години бил запоставен и претворен во дивa депонија. Со вакво неодговорно однесување се создал вистински ѕид од отпад, кој претставува сериозна закана за животната средина и за безбедноста на граѓаните. Ова мора да престане и затоа ќе продолжиме со вакви акции, но и со засилен надзор и санкции – изјави градоначалникот Грозданов.
Комуналните служби апелираат до граѓаните да покажат поголема одговорност и да не создаваат диви депонии, со цел да се зачуваат чисти јавниот простор и животната средина. Акцијата за целосно расчистување на локацијата ќе продолжи и наредните денови.























