Денеска, во објектот „Цветови“ на Детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, Територијалната противпожарна единица – Кочани изведе тактичко-показна вежба за симулација на пожар.

Вежбата се изведе во соработка со Општинската организација на Црвен крст, со асистенција на Полицијата, КЈП „Водовод“ и општинските комунални служби, а ја следеше и градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов.

Со тактичко-показната вежба се изврши симулација и евакуација на децата и вработените во детската градинка, а волонтерите  од Црвениот крст интервенираа со помош на повреденото дете.

– Овие вежби се од огромна важност за зацврстување на подготвеноста на вработените за справување при вакви несакани појави и ситуации, а претставуваат и законска обврска на установата. Наша задача е сите, институционално компактни, да работиме на согледување и отстранување на недостатоците и постигнување безбедност во сите сфери на јавното живеење – истакна градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов.