В петок, 13 април 2018 г., со почеток во 19 ч. во Центарот за култура „Бели мугри“ – Кочани, Општина Кочани преку проектот Промоција на родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање на UN Women, организира „Вечер на женски права“.
Публиката ќе може да ја види проекцијата на филмот „Ада за градоначалничка“, по што е планирана панел-дискусија на тема жената во политиката.
На панелот ќе говорат Соња Стаменкова – градоначалничка на Општина Македонска Каменица, Татјана Лазарова Осоговска – претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите – Кочани и Кристина Хаџи-Василева – магистерка по родови студии.
Влезот е слободен.