Екипи на КЈП „Водовод“ реализираа акција за подобрување на јавната хигиена на потегот од фабриката „Руен“ до СОУ „Гошо Викентиев“. Во рамките на акцијата се чистеа јавни површини и се отстрануваше насобраниот отпад и обраснатото зеленило по рабниците на тротоарите долж овој фреквентен дел од градот.
Акцијата е дел од континуираните активности за подобрување на степенот на хигиенските услови и подобрување на изгледот на јавниот простор.























