ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Тактичко-показна вежба за симулација на пожар во ОУ „Никола Карев“

Општина Кочани, преку Територијалната противпожарна единица – Кочани, во соработка со Општинската организација на Црвен крст  и ОУ „Никола Карев“ реализираа тактичко-показна вежба за справување со пожар. Пожарникарите симулираа гаснење пожар и извршија евакуација на ученици, а волонтерите  од Црвениот крст интервенираа со помош на повредени ученици. ТППЕ – Кочани ќе подготви извештај за реализираната […]

Најмладите под маски – Кочани го одбележа 1 Април – Денот на шегата

По повод 1 Април, Меѓународниот ден на шегата, на платото на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа традиционалната „Априлијада“. На настанот организиран од Општина Кочани, маскирани дефилираа и настапија деца од Детската градинка „Павлина Велјанова“ и ученици од кочанските основни училишта. Присутните ги поздрави Александар Андов, претседател на Советот на Општина Кочани, […]

Градоначалникот Грозданов организираше прием за крводарителите од Кочани

По повод 17 Март, Денот на основањето на Црвен крст и Ден на крводарителството, денеска, градоначалникот на Кочани Владко Грозданов оствари средба со претставници на Црвен крст – Кочани. Претставниците на Црвен крст Кочани информираа дека во текот на 2025 година, се реализирани вкупно 20 крводарителски акции, од кои се собрани вкупно 1037 крвни единици. […]

Не биди нем сведок – пријави насилство!

Одделението за внатрешни работи – Кочани и Општина Кочани, денеска заеднички реализираа дел од превентивната кампања за подигање на јавната свест за борба против насилството.   Под мотото „Не биди нем сведок – пријави насилство“, на неколку локации во Кочани беа разделени летоци со едукативна содржина за постапки против насилство врз жените. На средбите, граѓаните […]

Ревијален хуманитарен концерт на музичките училишта од Македонија

По повод 70-годишнината од основањето на Општинското основно музичко училиште „Ристо Јуруков“ – Кочани, в четврток, 2 април 2026 година, со почеток во 18 часот, во салата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, ќе се одржи Ревијален концерт на музичките училишта од државата. Организаторот на настанот, ОМУ „Ристо Јуруков“, известува дека покрај учениците […]

Нови садници на повеќе локации во градот

Надлежните служби од Општина Кочани озеленуваат дел од јавните површини.   Сто и педесет садници од јасен, јавор, црвена слива, индиски јоргован, бреза, туја и ликвидамбир се засадени на улиците „Четврта македонска бригада“, „Скопска“ „Тодосија Паунов“, во разделните зеленила на градските сообраќајници, во Градскиот парк, а се обновуваат и испразнети места во дрворедите низ градот. […]

Активности за подобрување на јавното осветлување во Кочани

Општина Кочани реализира активности за обновување на јавното осветлување, при што се врши замена на оштетените светилки и на инсталацијата. Активностите веќе се завршени на четирите моста во централното градско подрачје, на потегот од Двојниот мост до Градскиот плоштад, со што значително се подобрува видливоста и безбедноста во овој фреквентен дел од градот.   По […]

Средба на градоначалникот Грозданов со претставници на Францускиот институт – Скопје

Со цел да се промовираат францускиот јазик и култура во образовниот систем,  градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов прими претставници од  Францускиот институт во Скопје. На средбата беа разгледани можностите за воведување на францускиот јазик како слободен изборен предмет во петтите одделенија во основните училишта.   На средбата присуствуваше директорот на Францускиот институт во Скопје, Грегоар […]

Потпишан меморандум за соработка со здружението Лидери за едукација, активизам и развој

Градоначалникот  Владко Грозданов и извршниот директор на здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), Иван Јованов, потпишаа меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за соработка „Воведување на UPSHIFT во образовниот систем!“,  кој ЛЕАД го спроведува во партнерство со УНИЦЕФ и со Бирото за развој на образованието. Проектот има за цел да ја пилотира […]

Општина Кочани беше домаќин на регионална посета и конференција за зајакнување на отпорноста на шумските пожари

Во периодот од 19 до 20 март 2026 година, Општина Кочани беше домаќин на регионална посета во рамките на проектот „Модели и алатки за зајакнување на отпорот и отпорноста на шумски пожари во природни заштитени подрачја и подрачјата што ги поврзува урбаната средина со природата – RES2FIRE“, финансиран од ЕУ-програмата Interreg IPA Adrion.   Во […]