ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Ревијален хуманитарен концерт на музичките училишта од Македонија

Ревијален хуманитарен концерт на музичките училишта од Македонија

По повод 70-годишнината од основањето на Општинското основно музичко училиште „Ристо Јуруков“ – Кочани, в четврток, 2 април 2026 година, со почеток во 18 часот, во салата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, ќе се одржи Ревијален концерт на музичките училишта од државата.

Организаторот на настанот, ОМУ „Ристо Јуруков“, известува дека покрај учениците од кочанското музичко училиште, ќе настапат и ученици од Штип, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Струмица, Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Тетово, Куманово и Велес.

Ревијалниот концерт ќе биде со хуманитарен карактер. Влезниците по цена од 200 денари ќе се продаваат на влезот на салата, пред почетокот на концертот, од 17 часот, со можност за донирање повеќе средства.

Собраните средства ќе бидат донирани на Здружението „16 март 2025 – Кочани“.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email