Одбележани патроните празници на ОУ „Раде Кратовче“ и СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани

Со пригодни активности и оддавање почит, ОУ „Раде Кратовче“ и СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани ги одбележаа патроните празници. Пред бистите во училишните дворови и во Паркот на Револуцијата, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, училишни и општински делегации положија свежо цвеќе и им оддадоа почит на борците кои ги положија своите животи во антифашистичката […]
Кочани – една година по трагедијата во „Пулс“

На 16 март 2026 година Кочани ја одбележа годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, каде што згаснаа 63 млади животи, а над 200 лица беа повредени. Во утрински часови, во Паркот на Револуцијата беше отворена книга на жалоста, во која пораки на сочувство и почит оставија претседателката Гордана Силјановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, владини […]
Меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“ – Пониква 2026

На 15 март 2026 година, на Пониква, повеќе од илјада планинари, пријатели и луѓе со големо срце од цела Македонија, како и од Србија и Бугарија, зачекорија заедно на меморијалниот планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“. Во тишина, со почит и со многу емоции, колоната се движеше по Патеката на ангелите, сè до […]
Со велосипедска тура низ локалната средина – почит кон загинатите во „Пулс“

Во знак на почит и одбележување на една година од трагичниот пожар во Кочани, на 15 март 2026 година се одржа велосипедска тура низ Кочани и населените места. Настанот обедини голем број граѓани, рекреативци и млади, кои со заедничко возење низ локалната средина оддадоа почит кон настраданите и испратија порака за солидарност и заедништво. Во […]
Програма за одбележување на годишнината од трагичниот пожар во Кочани

Во пресрет на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, Општина Кочани и Организацискиот одбор подготвија програма за одбележување на овој ден на сеќавање, која ќе се реализира достоинствено, со длабока почит кон загинатите и со искрена грижа и надеж за закрепнување на повредените. Програмата претставува комбинација од спортско-рекреативни и културно-уметнички содржини. Предвидени се планинарски […]
„Кочани ви благодари“ – признанија за медицинските установи и за државите што помогнаа во лекувањето на повредените во трагичниот пожар

– Годишнината од трагичниот пожар во Кочани ја доживуваме како момент на тивко сеќавање, но и како момент на човечка солидарност. Кочани ја носи болката од загубата на 63 млади животи, но истовремено ја памети и огромната поддршка што ја добивме од многу пријателски држави, институции и луѓе со големи срца. На 15 март, недела, […]
Верските обреди во Кочани по повод годишнината од трагичниот пожар – со највисоките црковни великодостојници

По повод годишнината од трагичниот пожар во Кочани, в сабота, 14 март 2026 г., со почеток од 8 ч., во црквата „Св. великомаченик Георгиј“, ќе се одржи литургија за упокоените, а во 9:30 ч. – општ парастос за упокоените. Со верските обреди ќе чиноначалствуваат Неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и […]
Најавени бројни гости и делегации – градоначалникот на Кочани апелира во претстојните денови жителите да се воздржат од користење автомобили

Во пресрет на одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар, Кочани очекува бројни гости, делегации и посетители од државата и од странство, кои ќе дојдат да им оддадат почит на жртвите и да ги споделат сеќавањето и поддршката со локалната заедница. На прес-конференцијата што ја одржаа градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и Организацискиот одбор за […]
Градоначалникот на Кочани со повик за достоинствено одбележување на 16 март

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и Организацискиот одбор за одбележување на годишнината од трагичниот настан во Кочани, денеска одржаа прес-конференција, на која упатија препорака за достоинствено одбележување на 16 март, со длабока почит кон загинатите и со искрена грижа за закрепнување на повредените. Во тој контекст, градоначалникот упати препорака до сите јавни институции и […]
Австрискиот амбасадор Мартин Памер – на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов

Амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, ја посети Општина Кочани, при што оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов. На средбата се разговараше за лекувањето и поддршката на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“, за актуелната состојба во Кочани по трагичниот настан, како и за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји. Посебен акцент беше ставен на интересот за […]