ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Не биди нем сведок – пријави насилство!

Не биди нем сведок – пријави насилство!

Одделението за внатрешни работи – Кочани и Општина Кочани, денеска заеднички реализираа дел од превентивната кампања за подигање на јавната свест за борба против насилството.

 

Под мотото „Не биди нем сведок – пријави насилство“, на неколку локации во Кочани беа разделени летоци со едукативна содржина за постапки против насилство врз жените.

На средбите, граѓаните кратко беа информирани за формите на насилство, начините за препознавање и самозаштита. Беше истакната неопходноста од соработка со надлежните институции и навремената комуникација со полицијата, пред сѐ, преку брзото пријавување на бројот 112.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email