По повод 17 Март, Денот на основањето на Црвен крст и Ден на крводарителството, денеска, градоначалникот на Кочани Владко Грозданов оствари средба со претставници на Црвен крст – Кочани.
Претставниците на Црвен крст Кочани информираа дека во текот на 2025 година, се реализирани вкупно 20 крводарителски акции, од кои се собрани вкупно 1037 крвни единици.
На заедничката средба произлезе предлогот годинава во рамките на програмата за одбележување на 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани, да се реализира седмосептемвриска крводарителска акција за граѓанството.
На средбата присуствува повеќекратни дарители од Кочани, меѓу нив и Боро Спасов од Оризари, кој 119 пати дарувал крв и Ацо Ангелов со 135 пати, како и претставници на општинскиот Црвен крст.
Градоначалникот Грозданов изрази благодарност за реализираните активности на општинската организација на Црвен крст, како и на крводарителите и ја истакна подготвеноста за натамошна поддршка од страна на Општината.























