Претставници од Американската амбасада денеска го посетија СОУ „Љупчо Сантов“, каде што веќе една година спроведува вонучилишни активности Лаура Шомиг, волонтерка од Фулбрајт програмата.
Пред гостите од Амбасадата на САД, Газменд Иљази и Чарлс Сантјаго Моралес беше претставен електронскиот училиштен весник и начинот на неговата подготовка, по иницијатива и со поддршка од волонтерката Шомиг. Како што беше истакнато, весникот претставува платформа водена од учениците, насочена кон комуникација, креативност и поврзување со заедницата.
Презентацијата имаше цел да ја промовира одличната работа на учениците новинари пред пошироката заедница.
Една од главни задачи на волонтерката Лаура Шомиг е да креираа иницијативи во заедницата кои се насочени кон вклучување и интеркултурна размена. Досега во СОУ „Љупчо Сантов“ има формирано и клубови за американска литература, за јавна дипломатија и новинарски клуб.























