ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

На 19 април ќе се одржи петтиот Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев-Тошо“

На 19 април ќе се одржи петтиот Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев-Тошо“

Шаховскиот клуб „Кочани“, со поддршка од Општина Кочани, в недела, 19 април 2026 година, по петти пат го организира Меморијалниот шаховски турнир „Тодор Милосиев-Тошо“, во сеќавање на една од најголемите кочански шаховски легенди, долгогодишен активен шахист и шаховски учител на младите генерации.

 

Според информациите на Шаховскиот клуб „Кочани“ досега се пријавени дваесетина натпреварувачи. Заинтересираните учесници можат да се пријават и во текот на утрешниот ден, кај Владо Мицов, на  телефонскиот број  078 665 846.

Турнирот ќе се одржи во просториите на Шаховскиот клуб „Кочани“, во Трговскиот центар, блок А, зграда 1, со почеток од 11 ч.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email