Со решeние за именување од 15 мај 2026 година, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов ја именува Анкица Манасиевска за вршител на должноста директор на ООУ „Никола Карев“ – Кочани.
Манасиевска, која е долгогодишен одделенски наставник во ОУ „Никола Карев“, ќе ги врши работите до именување нов директор, не подолго од шест месеци од денот на именувањето.
На предавањето на решението, градоначалникот ѝ посака успех во менаџирањето и во реализацијата на воспитно-образовниот процес. Манасиевска се заблагодари за довербата за оваа одговорна функција, истакнувајќи дека ќе ја оправда со зачувување на добрата клима за работа во училиштето и со учениците во наставата.
Анкица Манасиевска доаѓа на местото на Александар Андов, чиј мандат престана заклучно со 6 мај 2026 година, на негово барање.























