ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Кочанските училишта приредија настан во чест на месецот на Европската Унија

Кочанските училишта приредија настан во чест на месецот на Европската Унија

Денеска, Градскиот парк во Кочани беше центар на креативноста и младинскиот дух, каде што локалните училишта свечено го одбележаа мај – месецот на Европската Унија.

 

На сцената на Центарот за култура „Бели мугри“, учениците приредија музичко-ритмички настапи кои ја пренесоа енергијата на европското заедништво. Преку креативно уредени штандови, беа претставени културните обележја, традициите и симболите на седум земји членки на ЕУ: Белгија, Португалија, Франција, Германија, Италија, Австрија и Словенија.

Настанот што го организира Општина Кочани во соработка со Министерството за европски прашања има за цел на локално ниво да ги промовира европските вредности, можности и придобивки од европската интеграција.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email