Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ – Кочани ги известува сите заинтересирани родители и ученици дека започнуваат уписите за новата учебна 2026/2027 година.

Под мотото „Музиката зборува кога зборовите молчат“, училиштето ги отвора своите врати за новите таленти во неколку категории. Инструментите пијано и виолина може да ги изучуваат учениците кои идната учебна година ќе бидат прво одделение. Гитара, хармоника, флејта и народни инструменти (кавал, тамбура и тапан) учениците во учебната 2026/2027 година треба да бидат четврто и петто одделение.

Уписите траат од 18.5.2026 до 10.6.2026 година, секој работен ден од 10 до 15 часот во просториите на училиштето (Спомен-дом „АСНОМ“).

При уписот потребно е да се приложи фотокопија од извод од матичната книга на родените.

Дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви 070 346 141 и 033 273 207 или на е-адресата: ristojurukov@gmail.com.